15
Две лица се повредени денеска кога непознат маж ги избодел со нож во Бон. Полицијата го неутрализирала напаѓачот, кој, според Билд, им подлегнал на повредите во болница.
Во нападот се ранети маж (32) и жена (43). Полицијата извесно време трагала по напаѓачот и на крајот го лоцирала во локалитетот „Бургер Кинг“, кога испукала најмалку еден истрел кон него.
Според наводите, жртвите и напаѓачот се познавале од претходно, а на нападот наводно му претходела расправија.