Ким Кардашијан (40) и Канје Вест (43) не разговараат откако најпознатата старлета на светот поднесе барање за развод.
Раперот ги сменил сите телефонски броеви и ѝ порачал дека можат да зборуваат само преку неговото обезбедување, пренесува Page Six.
Според извор, Канје Вест одеднаш се дистанцирал од Ким, дури и пред документите да бидат предадени на судот.
„Тој ѝ рече: Можеш да ме контактираш само преку моето обезбедување“, вели изворот.
Но, и покрај тоа, парот ќе продолжи заеднички да ги одгледува четирите деца – ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).
„Таа излегува од куќата, тој доаѓа и ги гледа децата. Имаат армија од дадилки“, продолжува изворот.
Кардашијан остана да живее во Лос Анџелес со децата додека раперот престојува наѝ неговиот ранч во Вајоминг.