Напнато на самитот Брдо-Бриони, Османи и Џаферовиќ го нападнале Вучиќ

од Vladimir Zorba
217 прегледи

На самитот Брдо-Бриони стана напнато уште на самиот почеток.

Како што неофицијално дознава српски „Новости“, косовскиот претседател Вјоса Османи и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, жестоко го нападнале претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Извори на „Новости“ известуваат дека дискусијата започнала затоа што учесниците на самитот презеле иницијатива на почетокот да усвојат заклучоци според кои границите во регионот се непроменливи, а на кои Вучиќ однапред се спротивставил.

Старите флоскули за вината на Белград се повторени, но, како што наведува Новости, претседателот на Србија остро возвратил.

Се очекува обраќањето на учесниците на самитот.

Слични содржини