Наполи најде замена на Кулибали во Фенербахче

од Vladimir Zorba

Наполи е на прагот да потпише нов централен дефанзивец кој ќе го замени продадениот Калиду Кулибали, пренесува Фабрицио Романо.

Станува збор за корејскиот интернационалец Ким Мин-Жае од Фенербахче, кој ќе добие договор на пет сезони. Наполи ќе ја плати неговата откупна клаузула од 19,5 милиони евра.

Утринава 25-годишниот дефанзивец замина за Рим каде ќе ги помине лекарските прегледи пред неговиот трансфер. Беше многу блиску до преселба во Рен, но на крајот „небесносините“ ја добија битката за неговиот потпис. Така, францускиот тим се сврте кон Артур Теате од Болоња, откако веќе упати понуда до неговиот клуб.

Мин-Жае помина само една година во Фенербахче по неговиот трансфер од 3 милиони евра од кинески Пекинг Гуан. За гигантот од Истанбул забележа 39 натпревари, а за репрезентацијата на Јужна Кореја има еден меч повеќе.

Слични содржини