Наполи прави чистка поради Конте

од Симе Стоиков
189 прегледи

Наполи е во голема криза сезонава откако минатата го освои Скудетото за кое чекаше цели 30 години. Се покажа како голема грешка што претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис го отпушти Лучијано Спалети и го замени со Руди Гарсија.

Французинот не се снајде најдобро на таа позиција, па на негово место дојде Валтер Мацари, кој не се задржа долго во Неапол.

Како изнудено решение до крајот на сезоната беше назначен Франческо Калкона.

А како прва желба за тренер кој ќе го води Наполи во следната сезона, Де Лаурентис го насочи Антонио Конте.

Антонио има ветување дека клубот ќе му обезбеди доволно пари за засилувања. Каде и да отиде, Конте беше успешен, единственото нешто што не му одеше беше е во Тотенхем, каде што неговата епизода заврши неславно.

Но затоа освои титули со Јувентус, Челзи и Интер, додека Наполи се надева дека истото може да го направи и на југот на Италија.

Покрај Наполи, за Конте е заинтересиран и Милан. На Стефано Пиоли не му оди најдобро оваа сезона и се зголемуваат шансите Росонерите следната сезона да имаат нов тренер.

Слични содржини