Мали, вкусни, меки и здрави топчиња, преполни со сушено овошје и јатки.

DSCN5240aaKB-92b13a

Потребно е:
350 гр урми
350 гр суви кајсии
120 гр суво грозје
170 гр ф’стаци
2 лажици мед
1 лажица цимет
60 гр шеќер

Подготовка:

– Во блендер ставете ги сите состојки, освен шеќерот и циметот. Миксајте додека да се соединат сите состојки.

– На страна, ставете ги шеќерот и циметот и измешајте ги.

– Од смесата формирајте мали топчиња и валкајте ги во миксот од шеќер и цимет. Смесата ќе биде леплива, па затоа формирањето на топчињата правете го со навлажнети раце со вода.

МИА

Слични содржини