Направете домашни кифли со џем, подобри и од француските кроасани

од desk4
502 прегледи

Во продолжение прочитајте совршен рецепт за подготовка на меки домашни кифлички полни со џем, кои одлично одат со утринското кафе.

Pixabay

Потребни состојки:

20 гр квасец
2-3 јајца
100 гр путер
250 мл млако млеко
Рендана кора од еден лимон
2 лажици шеќер
Малку сол
4 лажици џем по избор
100 гр суво грозје

Подготовка:

Во сад додадете ги брашното и квасецот. Потоа додавајте ги јајцата, па путерот, млекото, кората од лимон, сувото грозје, шеќерот и солта и замесете тесто.

Откако ќе нарасне еднаш, премесете го и оставете го пак да нарасне.

Рассукајте тенка кора и сечете поголеми или помали триаголници, по желба, ставете џем и завиткајте ги како кифла. Ако ги правите големи (колку купечките кроасани), од оваа доза ќе добиете осум кифли.

Печете во подмачкан плех, на 200 степени околу 40 минути. Пред печењето може да ги премачкате кифлите со жолчка.

Слични содржини