
Потребни состојки :
1. полуготово тесто за пица
2. половина килограм банани
3. 3 супени лажички чоколаден крем
4. десетина ореви
5. масло за готвење
- Премачкајте го дното на кружна тава за печење со малку масло за готвење, ставете го тестото за пица да се пече околу 3-4 минути на 220°C, се додека не почне да се поруменува.
- Откако ќе го извадите од рерната, додека тестото е жешко, со лажица премачкајте го со чоколадниот крем.
- Исечкајте ја бананата на тенки кругови, а оревите на мали парчиња. Распоредете ги бананите и поросете ја пицата со исечкани ореви. Сервирајте веднаш.
Чинијата во која ја сервирате пицата украсете ја со со шлаг пена или со чоколаден прелив. За уште поинтересен изглед, пицата можете да ја поросите со шеќер во прав, кокос или изрендано бело чоколадо.