Направете сами домашен сладолед од чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
540 прегледи

Чоколаден сладолед кој лесно се прави, a e повкусен од купечкиот.

Состојки:

300 мл полномасно млеко
200 мл слатка павлака
100 гр шеќер
4 жолчки
100 гр темно чоколадо (70% какао)
2 лажички мед
1 лажичка чист екстракт од ванила

Подготовка:

Измешајте млеко и слатката павлака и оставете да зоврие.

Се трга од оган, се додаваат коцките чоколадо и медот и се меша додека не се растопи.

Со миксер измешајте ги жолчките со шеќерот.

Во смесата со жолчките додадете го топлото млеко со чоколадо, убаво измешајте за да се изедначи, па вратете го на оган и варете на тивок оган мешајќи додека кремот не почне малку да се згуснува, но не смее да врие.

Сварениот крем (кој е прилично редок, т.е. течен) истурете го во сад низ мрежаста цедалка и измешајте го со екстрактот од ванила.

Кога целосно ќе се излади, ставете го во замрзнувач најмалку 3-4 часа или уште подобро преку ноќ.

Слични содржини