Потребни состојки:
3 јајца
1 чаша за млеко шеќер
½ -//- млеко
½ -//- зејтин
2 -//- брашно
300 г. чистени цреши
1 пециво

Ги матите белките од јајца, а потоа ги додавате и жолчките. Постојано мешајќи на најголема брзина го додавате шеќерот додека да се растопи.
Ги додавате млекото и зејтинот и промешувате со лажица. Пецивото го мешате со брашното и го додавате во смесата убаво да се изедначи.
На подмачкано плехче истурате половина од смесата и печете во загреана рерна на 200 степени 10-тина минути колку да фати кора. Го вадите плехот и одозгора ги редите црешите, па остатокот од смесата го растворате со уште малку млеко и го истурате врз црешите. Го допекувате. Кога ќе се излади, посипувате со шеќер во прав./Изворна информација