Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извоз на масло од Србија

од Маја Анчевска
284 прегледи

Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ.

Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина.

Слични содржини