Вселенски туш ќе ја прочистува водата, додека се тушираме.
Со дизајн инспириран од НАСА, тушот ќе штеди пари и вода. Футуристичкиот туш е производ на шведска технолошка компанија “Орбитaл
Системс”. Тој ќе ја прочистува водата, со што потрошувачката на вода се намалува за 90%, а во исто време потрошувачката на енергија ќе опадне за 80 отсто. Ова сепак не е за сметка на удобноста и хигиената.
Идејата е превземена од заедничкиот проект на НАСА и шведскиот универзитет Лунд, кои работеле на дизајнот за вселенска мисија на Марс. Ова претставува адаптиран систем за циркулација, која им овозможува на астронаутите да ја користат истата вода за капење.Производот веќе е тестиран во Шведска. За четири месеци биле заштедени 100 илјади литри вода.