НАСА нарача уште пет вселенски летови од SpaceX

од Vladimir Zorba
156 прегледи

SpaceX ќе лансира уште пет мисии на астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS) за НАСА до крајот на деценијата, во договор вреден 1,4 милијарди долари, објави американската вселенска агенција.

Договорот меѓу НАСА и компанијата на Елон Маск е дел од напорите на агенцијата да обезбеди стабилен распоред на летови на астронаути до ISS, додека Boeing, друга компанија со сличен договор, има тешкотии да ја заврши својата вселенска капсула Старлајнер, пренесува Хина.

„Договорот со SpaceX „и овозможува на НАСА да одржува континуирана способност на САД за човечки пристап до вселенската станица до 2030 година, со два единствени комерцијални партнери во индустријата“, рече таа.

SpaceX и Boeing потпишаа договори во вредност од повеќе милијарди долари со НАСА во 2014 година за развој, тестирање и спроведување летови со вселенски капсули способни да превезуваат астронаути до ISS, истражувачка лабораторија што орбитира околу Земјата.

Капсулата Crew Dragon на SpaceX досега летала пет пати откако беше тестирана во 2020 година, со што стана првиот комерцијален лет на луѓе надвор од орбитата.

Со тоа ја обновија програмата за летање со екипаж на НАСА по завршувањето на програмата за шатл во 2011 година.

Капсулата CST-100 Starliner на Боинг, чиј развој е забавен поради технички тешкотии, треба да го има првиот лет со астронаути во февруари следната година.

НАСА првично нарача по шест летови од секоја компанија, но на почетокот на оваа година, поради технички проблеми на Боинг, нарача уште три од SpaceX.

Слични содржини