Американската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (НАСА) објавува конкурс за оптимално освојување на Црвената планета, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на соопштение, објавено на сајтот на НАСА.
“Што е потребно да направи човек да надмине 140 милиони милји до Марс и со минимални загуби да ја колонизира Црвената планета?”, е прашањето поставено од вселенската агенција на САД.
Секој кој сака може да изложи детална шема за испраќање на експедиција на планетата и да наведе што точно и во колкаво количество е потребно екипажот да земе со себе: вода, храна, кислород, медикаменти, инструменти, итн.
За најдобрата и најекономична опција, НАСА ветува награда од најмалку 5.000 долари.Вкупниот награден фонд е доделен на 15 000 долари.