НАСА откри како ќе изгледаат последните денови од животот на Земјата: Еве кога Сонцето ќе не проголта

од Milan1
55 прегледи

Тим од научници на НАСА во соработка со истражувачите од јапонскиот универзитет Токио развија временска рамка за конечно исчезнување на животот на Земјата.

Научниците предвидуваат дека Сонцето ќе биде катализатор за крајот на животот на Земјата, имајќи предвид дека големи количини на топлинска енергија ќе ги „проголтаат“ сите внатрешни планети на Сончевиот систем, вклучително и нашата.

Според нивните пресметки, животот на Земјата ќе станува се потежок во следните 999.999.996 години, а до 1.000.002.021 година би требало да престане да постои. Суперкомпјутерот покажа дека Сонцето значително ќе се прошири, а температурите на Земјата експоненцијално ќе се зголемат. Тоа ќе доведе до пад на квалитетот на воздухот.

Дејли Стар наведува дека зголемените температури на Сонцето веќе предизвикуваат прекини поради масивни исфрлања на коронални маси и соларни ерупции. Милијарди тони честички и магнетно поле насочено кон Земјата резултираа со најинтензивната соларна бура во последните 20 години.

Ваквите бури предизвикуваат атмосферски промени, кои го намалуваат нивото на кислород. Зголемувањето на температурите и намалувањето на нивото на кислород дополнително ќе ја променат атмосферата со текот на времето.

Експертите нагласуваат дека напредокот во технологијата може да помогне да се спречи апокалиптично сценарио. Тие предлагаат создавање на нови системи за поддршка на животот кои можат да снабдуваат големи количини вода и воздух во затворените капсули, а се истражува и потенцијалот за живот на Марс.

Слични содржини