НАСА: Откривме “братучетка“ на Земјата која е 1,5 пати поголема од неа

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Со помош на телескоп “Кеплер” американски научници открија екстрасоларна планета слична на Земјата, која се наоѓа во “кружна зона” околу ѕвезда како Сонцето. Ова беше соопштено на прес-конференција на НАСА, пренесоа светските новински агенции.655-402-zemia-zemia-2

Откритието е многу важен момент во потрагара на друга “Земја”, наведуваат од НАСА.

“На 20-годишнината од откритието дека и други сонца се домаќини на планети,” Кеплер “откри планета и ѕвезда, кои многу личат на Земјата и Сонцето. Ова возбудливо откритие нè води еден чекор поблиску до откривањето на Земјата 2.0 “, велат од НАСА.

Екзопланетата Kepler-452b е 60% поголема од Земјата. Се наоѓа на околу 1.400 светлосни години од нас во соѕвездието Лебед. Масата и составот  сè уште не се познати, но претходните истражувања покажуваат дека планетите со нејзината големина имаат голема шанса да бидат карпести.

Kepler-452b е поголема од Земјата, но нејзината 385-дневна орбита е само 5% подолга .

Планетата е и со 5% пооддалечена од својата ѕвезда (Kepler-452), отколку што е Земјата од Сонцето. Kepler-452 е на 6 милијарди години, односно 1,5 милијарди години постара од нашето сонце, има иста температура, со 20% посветла е и со околу 10% поголема.

“Можеме да мислиме за Kepler-452b како за постара и поголема братучетка на Земјата, која ни овозможува да разбереме каква судбина може да очекува Земјата по милијарди години.

Возбудливо е ако си помислите дека оваа планета поминала 6 милијарди години во кружната зона на својата ѕвезда, подолго од Земјата .

Има значителна веројатност за појава на живот, ако на оваа планета постојат сите услови за да постои живот на неа “, споделија уште од НАСА.

Покрај Kepler 452b, телескопот “Кеплер” откри уште 12 потенцијални “братучетки” на Земјата.Нивниот дијаметар е еднаков на земниот или е поголем од него не повеќе од два пати, при тоа се наоѓаат во рамките на т.н. “Погодна зона”.

Специјалистите на НАСА се надеваат дека откритието ќе им помогне да се најде вистински двојник на Земјата ,