НАСА претстави на церемонија во вселенскиот центар “Џонсон” во Хјустон нова селекција астронаути од седум мажи и пет жени, од кои некои може да се првите луѓе кои патуваат до Марс.
Овие идни астронаути се избрани меѓу повеќе од 18 300 кандидати. Меѓу нив има лекар, хирург, двајца геолози, еден океанограф, професор по електроинженерство, четворица поранешни пилоти испитувачи и нуклеарен физичар.
Тие ќе поминат двегодишна интензивна обука пред да можат да бидат погодни за идни мисии и да се приклучат на тимот од 44 астронаути со подготвеност за мисии. Дванаесетте идни астронаути ќе вршат патувања до Меѓународната вселенска станица и на палубата на нови комерцијални вселенски бродови на SpaceX и Boeing.
Тие ќе можат и да вршат летови околу Месечината на палубата на новата капсула на НАСА “Орион”, која ќе биде истрелана од ракета-носач “Space Launch System”. Капсулата “Орион” и ракетниот носител ќе можат да ги извршат и првите мисии до Марс до 2030г.