НАСА проучува како да користи нуклеарно оружје при закана од астероид

од desk3
90 прегледи

НАСА и Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД (NNSA) испитуваат како можат да го користат нуклеарното оружје со цел уништување на астероиди и метеорити кои претставуваат закана за Земјата, објавија светските агенции.

Nasa (2)

Компјутерски симулации покажуваат дека успешно може да биде одржана таква мисија, ако вселенскиот објект е со просечна големина. Сепак карпестите елементи при детонација на астероид или метеорит може да ја влошат ситуацијата,а тоа зависи од оддалеченоста на астероидот од Земјата при експлозијата.

За најдобро решение може да биде користење на бомба, која ќе го пренасочи движењето на астероидот наместо да биде разрушен.

Дел од варијантите се користење на ласери и брз вселенски брод.