Слика на Земјата и Месечината, направена од орбитата на Сатурн, беше објавена од Националната управа за воздухопловство и истражување на вселената на САД (НАСА).
На фотографијата, снимена со помош на апаратурата на автоматската станица “Касини” од далечина 1,4 милијарди километри, нашата планета изгледа како мала светла точка на црното кадифе на вселената.
Лево од неа е сместена едвај забележлива бледа точка – Месечината.
Единственоста на сликата е и во тоа што тоа е направено во прстените на Сатурн – во горниот и долниот дел на сликата се гледаат осветените од Сонцето делови од прстените на гигантската планета, составени од ледени честички.
