НАСА: Се помалку вода има на Земјата

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Најголемите подземни водни резервоари на Земјата се исцрпуваат алармантно брзо, покажуваат сателитските податоци на НАСА, цитирани од. “Вашингтон пост”. Истражувањето е најдеталното досега за водните резервоари, скриени под површината на планетата. 21 од вкупно 37-те езера се намалуваат константно во рок од десет години, а во 13 од нив водата се исцрпува толку брзо што нивнното постоење е загрозено.

voda

Анализата опфаќа податоци од 2003 до 2013 година. “Ситуацијата е критична”, коментира Џеј Фамиџилиети, научник во НАСА. “Немаме бесконечна количина вода”, потсети тој. Од подземните резерви доаѓаат 35% од водата во целиот свет, а за време на суша овој процент се крева. Во моментов американската држава Калифорнија се потпира на подземни извори на вода за 60% од потребната вода. Резервоарите под најголем притисок се оние во сиромашните и густо населени области на северозападна Индија, Пакистан и Северна Африка, каде што нема многу алтернативи за снабдување со вода. Тие се пополнуваат бавно, главно од дождови и топењето на снеговите. Северна Кореја се соочува со најтешката суша од еден век, која се заканува да го влоши недостигот на храна во земјата. Според податоците, поради лошото време сериозно се уништени оризовите насади, а речиси 30% од оризовите полиња во земјата се исушија. За борба против сушата е предвидено садењето на нови оризови полиња.