Во следните 10 до 20 години ќе откриеме јасни знаци за постоење на вонземски живот. Ова го тврди на страната на НАСА главниот соработник на агенцијата Елен Стофан. Таа и нејзините колеги дошле до заклучок дека не сме сами во универзумот откако во последните месеци се најдоа многу докази за присуство на вода во целиот Сончев систем.
Токму водата е основен услов за појава на живот кој го познаваме. Научниците ја открија важната течност на неверојатни места-пример на површината на сателитите на Јупитер- Европа и Ганимед, а исто така и на Енцелад-сателит на Сатурн.
“Веќе знаеме каде да бараме, знаеме како да бараме, имаме и потребните алатки и сме на вистинскиот пат”, додава Стофан. Сега напорите на научниците се насочени кон идентификување на т.н. “добри зони” -места каде температурата дозволува постоење на вода во течна форма.
Во НАСА веќе работат и по проект кој да открие вонземски живот на сателитот Европа. Цената на летот до таму е околу 2 милијарди долари, а истрелувањето е дефинитивно за 2021 година”.
