Директорот на НАСА Бил Нелсон изјави дека соработката со Русија останува непроменета кога станува збор за соработката во вселената, поточно, на Меѓународната вселенска станица.
„Војната во Украина ги промени околностите на земјата. Таа секако ја обедини Европа против Русија. Но, нема да ја промени соработката на Меѓународната вселенска станица“, изјави Нелсон за јапонскиот весник „Никеи“.
Руската ракета „Сојуз“ однесе американски астронаути до Меѓународната вселенска станица, а Москва неодамна навести дека би можело да дојде до нејзино повлекување од вселенската станица.