216
Во четвртокот, НАСА успешно го тестираше главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).
Моторите работеа повеќе од осум минути, со цел да се симулира времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од Земјата, пишува Би-Би-Си.
Ова е втор тест за моторот на ракетата, откако првиот не успеа во јануари.
SLS би требало да однесе човек на Месечината, првпат од 1972 година.