NASA вети дека ќе најде вонземјани до 2025 година

од desk3
128 прегледи

Човештвото е на чекор од откривањето на вонземски живот, а до 2025 година ќе има категорични докази за него, уверија водечки научници од NASA, објави АП.

0215962001391501892_466878_600x458_actualno

“Мислам дека во следната деценија ќе имаме силни индикации за постоењето на живот надвор од Земјата. Знаеме каде да бараме, знаеме како да бараме. Ја имаме потребната техника, на вистинскиот пат сме “, увери специјалистот за астронаутика Елен Стофан.

Надежите на NASA се поврзани со серијата откритија во последните години, кои укажуваат дека небесните тела во и надвор од Сончевиот систем може да обезбедат соодветни услови за живот. Слични заклучоци упатуваат доказите од вода на сателитите на Јупитер – Европа и Ганимед, како и на оној на Сатурн – Енцелад. Научниците знаат дека океани покривале и голем дел од површината на Марс, каде сондата “Кјуриосити” пронајде минатата година траги од органски молекули кои содржат водород и азот.

Амбициозната цел да се бара вонземски живот NASA ќе ја бара најнапред со нов марсоход, кој треба да пристигне на Црвената планета во 2020 година. Плановите на агенцијата предвидуваат слетувањето на астронаути на Марс во 30-тите години од овој век. Ќе биде испратена мисија за 2,2 милијарди долари до сателитот Европа во 2022 година, чија цел e да утврди дали на ледената површина на сателитот имало живот.

НАСА планира да испрати во вселената и роботи пајаци кои ќе градат различни локалитети – од радио антени до соларни панели и вселенски бродови. “Системот од дроиди работи на принципот на 3D Принтери, односно се надредуваат различни материјали на слоеви еден врз друг. Роботите се во можност да прават конструкции во десетици, па дури и стотици поголеми димензии од нивните “, објасни шефот на научниот тим и шеф на компанијата изведувач” Тетарс унлимитид “Роберт Хојт.