226
НАСА пронашла кратер во Месечевото море на спокојството, едно од лунарните мориња, во кој температурата на воздухот е иста како собната температура на Земјата, објави „Форбс“.
Благодарение на вселенското летало „Lunar Reconnaissance Orbiter“ (LRO), на Месечината е забележана вдлабнатина, длабока околу 100 метри, во должина и ширина на фудбалско игралиште, каде температурата е константна и пријатна за луѓето, околу 17 степени Целзиусови.
„Термичката средина на јамата е попријатна во споредба со кое било друго место на Месечината, со температури кои варираат околу 17 степени каде Сонцето не сјае директно“, пишуваат авторите на студијата.