Вселенската прошетка на двајца руски космонаути на Меѓународната вселенска станица денеска беше откажана откако контролорите на летот забележаа истекување на течност од вселенското летало „Сојуз“ закотвено покрај станицата.
НАСА соопшти дека ниту еден од седумте членови на сегашниот екипаж на Меѓународната вселенска станица – тројца руски, тројца американски и јапонски астронаут – не се во опасност, пренесува „Ројтерс“.
Истекувањето на течноста беше видливо и на видеото во живо.