Хаваи започнаа експерименталната мисија на НАСА за подготовка на екипажот, кој ќе оствари пилотиран лет до Марс, објави “Гардијан”.

Шестмината избраните – француски астробиолог, германски физичар и четворица Американци-пилот, лекар, архитект и агроном- веќе почнаа да работа.Тие се затворени во посебна купола со дијаметар 11 метри и висина 6 метри, секој си има сопствена соба, а излегувањето е можно само во скафандри. За храна се користат само производи кои ќе бидат достапни и во вселената. Местото каде што е поставен куполата е специјално избрано и во него речиси нема животни и вегетација. Главната цел на експериментот е ќе успеат ли шестмината да живеат во затворен простор подолг период без пристап на свеж воздух и свежа храна.