Населението на Истанбул е побројно од населението на 131 држава во светот, според податоците на Туркстат

од Radmila Tasevska
241 прегледи

Населението на Истанбул е побројно од населението на 131 земја во светот, покажуваат податоците на Институтот за статистика на Турција (Туркстат) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за 2023 година.

Во 2023 година, бројот на населението на Истанбул се намали за приближно 252.000 луѓе споредено со претходната година, и изнесува 15.655.924 луѓе.

Во најголемиот турски град живеат 7,8 милиони мажи и 7,84 милиони жени или околу 18,38 отсто од вкупното население во земјата.

И покрај падот на населението, Истанбул, кој е и најгусто населен град во Европа, по бројот на жители е пред 131 земја во светот.

Меѓу земјите со помала популација од онаа на космополитскиот град, според Фондот за население на Обединетите нации, се Бугарија, Португалија, Унгарија, Белгија, Грција, Шведска, Куба, Азербејџан итн.

Слични содржини