18
Населението на Кина падна трета година по ред во 2024 година, соопшти денеска Националното биро за статистика во Пекинг.
Овој податок го потврдува трендот на опаѓање по повеќе од шест децении раст.
Кина имаше население од 1,408 милијарди на крајот на 2024 година, според Националното биро за статистика, додека претходната година имаше два милиони жители повеќе.
Минатата година падот на населението беше помалку изразен отколку во 2023 година, кога падот се удвои во однос на 2022 година.