Населението во Турција се зголемило за скоро ПОЛА МИЛИОН во 2020 година

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Турскиот институт за статистика објави дека населението во Турција се зголемило за 459.369 лица минатата година во споредба со претходната година.

Бројот на жители во Турција на крајот на 2020 година надмина 83,6 милиони, што е зголемување за 0,55 проценти на годишно ниво, објави агенцијата Анадолија.

Според податоците објавени во четвртокот, во Турција има 41.915.985 мажи и 41.698.377 жени, или 50,1 процент од популацијата се мажи, а 49,9 проценти се жени.