„Нашиот дух е нескршлив“: Украинци пеат во метро станица за време на тревога

од Берта Китинска
162 прегледи

„Украинскиот дух е нескршлив. Жителите на Киев пеат во метро станицата за време на тревога за воздушен напад“, објави на Твитер украинското Министерство за одбрана.

Во серијата руски ракетни напади во Киев загинаа најмалку пет лица, а ранети се 24. Сите се цивили кои возеле или пешачеле во центарот на градот, како што изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко. Работата на метрото во Киев е прекината на сите линии, а подземните станици работат како засолништа.

Слични содржини