Насилен инцидент по тешка сообраќајна несреќа во Кардиф

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Во близина на местото на тешка сообраќајна несреќа, која се случила синоќа на улицата Сноуден во Кардиф, дошло до собир на луѓе, опожарено е возило, а полицајци биле гаѓани со разни предмети.

По пријавата за тешка сообраќајна несреќа, полициска интервентна единица со дресирани кучиња отишла со екипа на брзата помош на местото на несреќата во областа Ели во Кардиф и пронашла 100-150 луѓе кои биле собрани, јавува Би-Би-Си.

Некои од насобраните носеле фантомки, а други ги кршеле тротоарите и ги гаѓале полицајците, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека и полицајците биле гаѓани и со пиротехнички средства.

Управата на градската полиција соопшти дека има апсења, но не е прецизирано колку, и дека се уште не е јасна причината за инцидентот по сообраќајната несреќа, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини