21
Полицијата во Крива Паланка поднесе кривична пријава против 42-годишниот Н.А. од село во околината на градот, поради сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
„Тој на 06.02.2025 во семејната куќа во селото, физички ги нападнал неговата 14-годишна ќерка и неговата сопруга, по што со нож им упатил закани и оштетил дел од покуќнината“, велат од полицијата.