Насилството ќе ја чини кариера: Публиката не ја сака Амбер Херд во новиот „Аквамен“

од Elena Daskalova
342 прегледи

Пред неколку години, кога излегоа приказните за семејно насилство, на Џони Деп му беше прекинат договорот со Дизни. Сега публиката го бара истото за неговата поранешна партнерка.

Разговорот во кој Херд признава дека била насилна со Деп сега може да ја чини кариера, бидејќи публиката бара таа да биде исклучена од филмот „Аквамен 2“.

Да потсетиме, Херд го обвини Деп дека бил насилен со неа и иако тој демантираше, тоа негативно се одрази на неговата кариера, бидејќи сите групи и организации против насилство врз жените бараа тој да биде отпуштен од сите проекти на кои работи.

Улогата во „Фантастични ѕверки“ не ја изгубил бидејќи Џ.К. Роулинг била единствена што верувала дека и тој е жртва во бракот со Херд и дека и актерката е вистински насилник. Сега, околy 200.000 потписници на петиција бараат Херд да биде отстранета од „Аквамен 2“.

Како што наведуваат повеќе медиуми, „Ворнер брос“ веќе сериозно ја разгледуваат оваа петиција и ги испитуваат сите можности за нејзината замена во улогата на Мета во хит-филмот на DC Comics.

Слични содржини