Насилството од фудбалските навивачи ја чини Германија 44 милиони евра годишно

од Milan1
417 прегледи

Бројот на насилни дејствија во германските градови расте за една петтина во деновите кога се играат професионални фудбалски натпревари во таа земја, покажува анализата на Институтот „ИФО“ спроведена врз основа на полициската статистика за криминални дела.

„Фудбалските натпревари од прва и трета лига во градовите каде што се играат доведуваат до зголемување на насилството за 21,5 отсто во споредба со просечниот број ва денови без натпревар“, рече Хелмут Рајнер, директор на Центарот за труд и демографска економија (IFO).

Во анализираниот период од 4,5 години, ИФО проценува дека биле извршени 38.268 напади поврзани со фудбалот, кои предизвикале вкупен трошок на полицијата, државното обвинителство, судовите и здравството од околу 194 милиони евра или околу 44 милиони евра годишно.

Слични содржини