Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања на ОН изјави дека од 19 март при борбени дејства и насилство во Јемен загинале 549 лица, од кои над 200 мирни жители, соопшти ТАСС.
“Според податоците на Светската здравствена организација при насилството во Јемен од 19 март се убиени 549 лица, а 1707 се повредени. Меѓу нив се најмалку 217 загинати и 516 повредени цивили, од кои многумина при експлозиите во две џамии во Сана на 20 март “, рече канцеларијата на ОН.
Според неа податоците за загинатите и повредените се често непрецизни , бидејќи “многу луѓе немаат можност да добијат лекарска помош во болница, а семејствата самостојно ги погребуваат своите блиски, пред да може да се соберат информации за нивната смрт”.
Според податоците на ОН во изминатото деноноќие предводена од Саудиска Арабија коалиција која ја спроведува воздухопловна операција против шиитските бунтовници хуси, имаше бомбардирањето во Јемен
