Безбедносните сили во Мјанмар денес повторно употребија сила за сузбивање на демонстрациите против пучот, еден ден откако специјалниот претставник на ООН го повика Советот за безбедност (СБ) да преземе мерки за борба против насилството во кое загинаа околу 50 демонстранти оваа недела.
Агенцијата наведува дека денеска се одржани нови протести во најголемиот град Јангон, каде се употребиле шок-бомби и солзавец против демонстрантите и дека имало протести и во други градови низ земјата, каде полицијата исто така интервенирала на собирот.
Од 1 февруари секојдневно се организираат големи протести во врска со пучот во многу градови во Мјанмар, а воените власти реагираат на ова со зголемена употреба на сила и масовни апсења.
Канцеларијата на ООН за човекови права соопшти дека најмалку 18 демонстранти биле убиени минатата недела, а 38 во средата, додека над 1.000 лица биле уапсени, според извештајот на независното здружение за помош на политички затвореници, според АП.
Агенцијата известува дека специјалниот пратеник на ООН за Мјанмар, Кристин Шранер Бургенер, го повика Советот за безбедност пред вчерашната затворена седница строго да го осуди военото насилство врз граѓаните на Мјанмар и да го поддржи обновувањето на демократските институции во земјата, и досега таму нема извештаи за мерките на СБ.