Acura со новa слика го најави електричниот кросовер ZDX (вклучувајќи го и ZDX Type S) кој ќе има премиера на 17 август на настанот Monterey Car Week во Америка.
Сликата сугерира дека ZDX ќе го следи тековниот дизајнерски јазик на Acura.
Овој „братучед“ на Honda Prologue е развиен во соработка со GM, се базира на платформата BEV3 и ќе добие Ultium батерија и системи за возење.
Acura наведува дека „Тип С моделите ќе продолжат да го ставаат искуството на возачот на прво место“.
Acura ZDX од 2024 година е сличен по големина на гореспоменатиот Honda Prologue, при што Acura истакна дека ZDX е дизајниран во студиото за дизајн Acura во Јужна Калифорнија и „ќе има многу стилски теми кои дебитираа на концептот Acura Precision EV“.
ZDX ќе биде достапен со нов инфозабавен систем со интеграција на апликацијата Google и звучен систем Bang & Olufsen.
Деталите за погонот сè уште не се познати, но и батеријата и моторите ќе бидат поврзани со модели како што се Chevrolet Blazer EV и Cadillac Lyriq. Acura ќе понуди и погон на четири тркала.
Постои можност ZDX Type S да има ист погон како и Chevrolet Blazer EV SS (два електромотори со вкупно 557 КС и 877 Nm, погон на четири тркала, опсег со едно полнење на батеријата од 467 km).
Продажбата ќе започне на почетокот на 2024 година.