Наскоро нов спортски автомобил Praga (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Чешката компанија Praga го најави својот нов лесен спортски автомобил, кој ќе биде нивниот прв патен автомобил по ограниченото издание на R1R во 2015 година.

Според компанијата, новиот модел ќе „обезбеди екстремни перформанси за возачите ентузијасти“. Ќе биде придвижуван од мотор со внатрешно согорување и ќе има титаниумски издувен систем и Alcon сопирачки.

Бројките за моќноста сè уште не се објавени, ниту пак техничките спецификации на моделот, но се ќе биде познато кога новиот модел ќе биде целосно претставен на 23 ноември, пред почетокот на производството во 2023 година.

А новата Praga ќе се произведува во исклучително ограничен број и нема да биде мала ниту цената.

Слични содржини