Откако претходно го претстави новото купе GranTurismo, Maserati потврди дека на 29 февруари својата премиера ќе ја има неговата кабриолет верзија наречена GranCabrio.
Како и GranTurismo, GranCabrio ќе има 3.0-литарски твин-турбо V6 мотор (во верзии со 360 kW/490 КС и 600 Nm или 405 kW/550 КС и 650 Nm вртежен момент), со 8-брзински автоматски менувач.
Подоцна ќе пристигне и електричната верзија Folgore со 560 kW/761 КС и 1350 Nm, со батерии од 92 kWh и автономија од околу 450 km.
Сите три верзии ќе бидат достапни со тркала од 20 и 21 инчи.
Внатре, со подобри материјали и модерна технологија, се очекуваат 12,2-инчен дигитална инструмент табла и инфозабавен екран на допир од 12,3 инчи, заедно со уште еден 8,8-инчен екран на допир и head-up дисплеј.