232
Изградбата е во напредна фаза, конструкцијата е при самиот крај и јас очекувам до крајот на оваа година таа да биде завршена. Веќе од почетокот на 2023 година ќе влеземе во распределба на овие 34 станови, кои на наши граѓани од кочанскиот регион ќе им обезбедат достоинствени услови за живеење – изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски .
Тој истакна дека социјалните згради во Виница, Свети Николе, Гостивар и во Пробиштип се завршени и дека во фаза на подготовка е Комисија составена од Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, која во најскоро време ќе распише јавен оглас распределба на овие социјални станови на социјално загрозени семејства.