Целиот Балкан сè уште жали по починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој остави зад себе песни кои никогаш нема да избледат. Семејството е сè уште неутешно поради неговото заминување, а деновиве се покрена прашањето за наследството.
Како што пишува „Стар“, деновиве во Нови Сад, главна тема е кој што ќе се наследи од Балашевиќ. Починатиот музичар поседувал неколку имоти, вклучувајќи луксузен имот во Истра вреден 400.000 евра.
Според извор на весникот, Балашевиќ не направил тестамент, па вдовицата Оливера Балашевиќ и нивните деца Јована, Јелена и Алекса ќе поделат подеднакво сè што стекнал.
– Џоле не беше од таа приказна, авиони-камиони. Никогаш не рече дека купил нешто вредно или скапо, тој секогаш бил скромен во таа материјална смисла. Сепак, сите овде во Нови Сад знаат дека тој стекнал и заработил многу, и затоа луѓето сега зборуваат кој што ќе наследи. Се споменува тестамент, но ние кои го познававме сме сигурни дека тој не напишал тестамент затоа што тоа беше чиста пресметка за него, а тој не беше сметководител. Тој и Оливера често велеа дека не знаат ни да бројат и дека другите мораат да го сторат тоа за нив – вели извор кој наводно го познава целото семејство Балашевиќ и додава:
– Ако Џоле знаеше дека му се ближи крајот, можеби ќе се договореше со сопругата и децата на кого што ќе му остави. Сега тоа ќе биде направено како што налага законот, едната половина оди кај сопругата Оливера, а другата половина кај Јована, Беба и Алекса. Ниту тука нема ништо спорно, бидејќи сите заедно ќе ги наследат авторските права од неговите песни што се свират во сите околни земји, како и правата на неговите дела што допрва ќе бидат објавени. Важно е да бидат згрижени сега кога него го нема и да не се плашат за нивната егзистенција. Освен тоа, Оливера е многу способна жена и неа не би ѝ било тешко да започне повторно да работи ако треба да заработи за себе или за децата. Тие се хармонично семејство и нема да има проблеми со поделбата на имотот, бидејќи сум сигурен дека ќе биде лесно да се договорат. Ниту еден од нив не е алчен и отсекогаш живееле во согласност со ситуацијата, и кога имале изобилство и кога едвај преживувале – заклучува изворот за „Стар“.