Нови индиции се појавија додека инспекторите трагаат по напаѓачот кој го уби Брајан Томпсон, извршен директор на американската мултинационална компанија за здравствено осигурување и услуги „UnitedHealthcare“, среде Њујорк.
Томсон беше застрелан пред хотел на Менхетен во средата наутро пред почетокот на годишната конференција за инвеститори на неговата компанија.
На видеото се гледа како напаѓачот полека оди зад Томпсон и пука него во пред хотелот „Хилтон“.
Како дел од истрагата, полицајците сега бараат индиции за движењето на осомничениот пред нападот и порака напишана на муницијата пронајдена на местото на настанот.
Се верува дека осомничениот можеби отпатувал во Њујорк кон крајот на минатиот месец со автобус од Атланта, објави „NBC News“, цитирајќи тројца високи претставници на органите на редот.
Инспекторите и полицијата работат за да видат дали можат да најдат име на билетот купен за патувањето на 24 ноември што би можело да помогне да се идентификува осомничениот.
На сликите објавени од полицијата во четвртокот, осомничениот може да се види како се смее во хостел на Апер Вест Сајд.
Полицијата истражува дали користел лажна лична карта за престој во хостелот и дали платил во готово. Била претресена неговата соба во хостелот.
„СNN“ објави дека сликата на осомничениот како се смее е добиена дури откако од него било побарано да ја спушти маската додека флертува со вработена во хостелот.