Наставничка им викала на децата дека се грди и инвалиди, инспекторатот најави инспекциски надзор во ОУ „Љубен Лапе“

од Берта Китинска

Врз основа на доставена претставка за работата на наставник во ОУ „Љубен Лапе“, во текот на утрешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации, велат за „Локално“ од Државниот просветен инспекторат.

Денеска наставата беше бојкотирана од родителите и децата од шестите одделенија, кои рекоа дека веќе нема да дозволат наставничката по математика да се изживува врз нивните деца.

-Ги исцпривме сите законски можности, но реакција од надлежните нема. Наставничката по математика и натаму ги учи нашите деца, а досега сме поднеле повеќе жалби за нејзиното однесување со учениците.Ви отсликаме неколку реални примери каде учениците се принудувани да стојат пред табла 45 минути за да видат како ѝ е нејзе (овој случај е посведочен и од педагошко-психолошката служба на училиштето), а дел од нив нарекувани со погрдни имиња како „инвалид“ и „грдо дете кое останатите ученици не треба да го гледаат затоа што е премногу грд“. За време на часовите наместо да им дозволи да постават прашање им вели на учениците дека „сега е време да се вежба тишина“, стои во рекацијата на родителтие.

Градоначалникот на Општина Аеродром Tимчо Муцунски, во изјава за „Локално“, посочи дека денеска ќе постави нов в.д. директор и дека во најбрз рок ќе се реши проблемот.

-Надлежностит за наствинот процес се на министерството за образование и државниот просветен инспекторат, но општината беше свесна за состојбите во училиштето и имавме повеќе средби и со директорката како и со родителите. Она што се случува во училиштето за нас е недозволиво. Ние лично се заложивме и јас како родител на дете и просветен работник разбирам за дел од гледиштата на родителите прв фокус ни е обезбдеување на непречен развој на децата во училиштата и во таа насока во најбрз можен рок, ќе имаме конкретно решение, кажа Муцунски.

Слични содржини