Наставничката која беше застрелана од ученик во Вирџинија бара отштета од 40 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Наставничката Абигејл Звернер (25) од американската сојузна држава Вирџинија, која шестгодишен ученик ја застрела во раката и градите, поднесе барање за отштета од 40 милиони долари.

Наставничката помина две недели во болница откако беше повредена на час на 6 јануари оваа година. Таа бара отштета од училиштето кое го обвинува за невнимание и игнорирање на знаците за предупредување. Пред да ја напушти болницата имала четири операции.

Момчето, чие име не е објавено, го донело пиштолот на мајка си во училишна торба во основното училиште Рихнек во градот Њупорт Њуз, кој има околу 180.000 жители.

Откако била ранета, наставничката ја задржала присебноста и ги одвела другите деца од нејзиното одделение на безбедно пред да повика помош.

По инцидентот, управата на училиштето одлучила да постави детектори за метал на влезот на училиштето во кое има 550 ученици.

Момчето не беше обвинето, а ниту неговите родители.

Слични содржини