Наставнички пленум до МОН: Еве доказ дека не сме зеле плата

од Vladimir Zorba

Наставнички пленум ја демантира објавата на Министерството за образование и наука дека на наставниците им е исплатен личен доход, без разлика дали штрајкувале или не.

Screenshot_8

Прилог на нивното отворено писмо тие покажаа и празна сметка „Обидот на МОН да се дезинформира јавноста не може да успее со самиот факт што самите наставници знаат дали зеле личен доход или не. Тие се членови на Наставнички пленум и лага по тоа прашање не е можна.

Личен доход имаат добиено само училиштата кои се финансирани од државниот буџет (уметничките), не и оние кои се под капата на општините. Во име на вистината објавуваме доказ, листа на промет (сметка) за периодот од 23 . 01. 2015 до 23. о2.2015.

За „конструктивните“ дијалози на МОН со СОНК, како велат од МОН, јавноста веќе знае. Да се донесе одлука за прекин на штрајкот во доцните ноќни часови, да се игра на картата шок во очи на денот на закажаниот јавен протест токму од СОНК, без консултација со базата, членството, ама ич не е конструктивно, ниту има некаква допирна точка со демократско одлучување, туку тоа е колаборација со власта, не со членството.

Тој, Јаким Неделковски не излезе да го објави прекинот на штрајкот ( се криеше). Таа вест дојде од МОН. Како да се толкува тој факт ако не како притисок. Се заборави ли дека пред тоа петседателот на СОНК изјавуваше дека штрајк прекинува само тој што го организира. Наставнички пленум нема кусо паметење како МОН и СОНК.“, сти во соопштението на Наставничкиот пленум

loading...

Слични содржини