Наставник од Косово обвинет за сексуално злоставување 27 ученици

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Основното јавно обвинителство од Ѓаковица побара одредување мерка притвор во траење од 30 дена на наставник од овој косовски град, поради сомнеж дека сексуално злоставувал 27 ученици.

Како што јави електронското издание на „Коха диторе“, Обвинителството покренало обвинение против наставникот за „злоупотреба на лица помлади од 16 години“.

Обвинителството информира дека наставникот, кој предавал албански јазик, е осомничен дека од септември 2018 вршел „континуирани сексуални напади врз 27 ученици“.