
На 25.11.2015 година во 08.45 часот во ЕИК-Скопје вработен во ГОБ„Наум Охридски“ пријавил дека кај нив е донесен повреден С.Ц.(39) од с.Кучевиште- Скопје, вработен во „Арцелор Миттал Стил“, фирма лоцирана во кругот на „Железара“. Тој, извршувајќи работни задачи во наведената фирма, се повредил, односно на раката му паднала количка која била подигната со кран. Од страна на лекар на Славиша му се констатирани ТТП (на истиот му се ампутирани два прста показалец и среден прст).
Во Кавадарци масовна кражба на ореви
На 25.11.2015 година околу 12.45 часот во Скопје во холот на Основното Училиште „Даме Крапчев“, Ј.Р.(60) физички нападнал деветгодишен ученик, со што му нанел повреда во пределот на главата. Ј.Р. го нападнал ученикот затоа што неговиот внук претходно имал расправија со него.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.