National Interest: САД се залагаат за “пријателски” диктатори

од desk3
89 прегледи

Американските политичари сакаат попустливи авторитарни лидери, а не непредвидливи демократи.

20150819.fuayghaqrk
Ентузијазмот кој владееше во администрацијата на Барак Обама во однос на “демократските” преврати на “арапската пролет”, сега практично исчезна, пишува виш научен соработник од Институтот “Котен” Тед Гален Карпентер во американското издание The National Interest.Тоа е публикувано за време на неодамна одржаниот состанок на државниот секретар на САД Џон Кери и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Кери експлицитно истакна дека симпатиите на Вашингтон во регионот се на страната на египетските војници и избраниот претседател ал Сиси, а не на страната на неговиот претходник Мохамед Мурси.

Карпентер забележува дека за време на Студената војна и во текот на кампањата против тероризмот американските политичари се обложуваат на свитливи авторитарни лидери, а не на непредвидливи демократски политичари.

Односите со Египет ја одразуваат старата политика на САД. Аналитичарот потсетува на примерот со диктаторот Хосни Мубарак, со кој САД се разбираа над 30 години, без оглед на суровоста и корупцијата на неговиот режим. Карпентер потсетува на зборовите на потпретседателот Џо Бајден, кој во интервју за PBS приговараше против опишувањето на Мубарак како диктатор.

Освен тоа, во администрацијата на Обама одбиваат да го признаат соборувањето на претседателот Мурси како воен државен удар, потсетува Карпентер.

Американската пристрасност кон “пријателски” диктаторите се манифестира не само кон Египет. Како друг пример авторот потсетува на ударот во Иран во 1953 година организиран од американските тајни служби

Во резимето Карпентер забележува дека играат на карта на Вашингтон со “пријателски диктатори” претставува кратковидна политика, која не се плаќа.

За жал, пишува Карпентер, речиси нема основа да се смета дека американските политичари сфатиле дека изборот во корист на диктаторите е сомнително и контрапродуктивно. И сегашните симпатии на адреса на режимот на ал Сиси само потврдуваат дека Вашингтон како и предходно избира “пријателски” диктатори.