НАТО денеска го активира противракетниот штит во Романија

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Американскиот  противракетен систем во Романија ќе почне да работи од денес.

ракет кик  Противракетен систем на САД  во Романија ќе почне да работи од денес. Според помошник државниот секретар на САД Френк Роуз од станицата за следење на ракети во Девеселу во јужна Романија ќе им помогне на земјите членки во НАТО да се заштитат од балистички ракети со мал и среден дострел, истрелани претежно од Блискиот Исток. Во исто време, сепак Москва гледа на  проектот како на закана за нејзината безбедност.

“САД и НАТО дадоа јасно да се разбере дека системот не е создаден  да  им наштети на руските стратешки можности”, дополни тој за време на прес-конференција во Букурешт.

“Русија повеќепати изрази загриженост дека одбрана на САД и НАТО е насочена против Русија и претставува закана за нејзината стратешка одбрана. Ништо не може да биде подалеку од вистината “, додаде тој.

Станицата во Девеселу ќе располага со ракетни пресретнувачи SM-2 и официјално ќе биде интегрирана во противракетниот штит на НАТО за време на самитот на Алијансата овој јули во Варшава. Работата на објектот во Девеселу започна во октомври 2013 година и се пресметува на околу 800 милиони долари. Во 2010 година НАТО одлучи да активира на штит, кој се базира целосно на американска технологија. Проектот треба да биде завршен во 2020 година и ќе ги вклучува капацитетите во Полска и Романија. / АФП